Go back

Фармаковигиланца

Фармаковигиланца е процес на собирање, следење, истражување и проценка на информации од давателите на здравствените услуги и пациентите со цел да се разберат и превенираат проблемите поврзани од употребата на лековите. Глобалниот тим за квалитет на Алвоген е посветен на собирање, следење, евалуација и известување за информациите поврзани со безбедноста на пациентите, преку својот глобален систем за фармаковигиланца.

Ако сте загрижени и барате совет за Вашето здравје или лекување, Ве молиме контактирајте го Вашиот лекар или фармацевт. Доколку Вие или некој од Вашите пациенти доживее несакан настан или имате медицински прашања во врска со производите на Алвоген, Ве молиме да ги испратите до нас податоците за контакт и ние ќе ги доставиме деталните прашања до соодветните експерти.


Информации за контакт

Mail: pharmacovigilance@alvogen.com