Go back

Зентива го проширува производствениот капацитет со комплетирање на аквизицијата на производствената локација во Аклешвар

Зентива го проширува производствениот капацитет со комплетирање на аквизицијата на производствената локација во Аклешвар

(Прага, 01.06.2020 година) - Zentiva Group a.s. најавува завршување на аквизицијата на производствената локација во Анклешвар, Индија, од „Санофи“. Со финализирање на договорот се зголемува бројот на производствени капацитети во целосна сопственост на Зентива ширум светот што ќе ѝ овозможи на компанијата да им служи на повеќе луѓе на кои имаат дневна потреба од нашите висококвалитетни, достапни лекови.

„Со задоволство му посакуваме добредојде на тимот на Аклешвар во нашето семејство на Зентива. Продолжуваме да обезбедуваме силен раст во Зентива, а завршувањето на оваа аквизиција е важна пресвртница за нашата компанија“, рече Ник Хагар, главен извршен директор на Зентива. „Силата на нашата растечка производствена мрежа и дополнителниот капацитет значи дека можеме да одржиме чекор со забрзаната побарувачка за нашите лекови и да ја зголемиме директната контрола врз нашиот ланец на снабдување за да обезбедиме континуирано снабдување и брза реакција на потребите на пациентите.“

Трансакцијата го продолжува текот на одлучувачки чекори за раст направени од Зентива, засновани на претходните аквизиции на „Крео Фарма“ во Велика Британија, „Солациум“ во Романија и бизнисите на Алвоген во Централноисточна Европа, завршени во април 2020 година. Оваа најнова аквизиција во Индија се одвива паралелно со тековните повеќекратни мултимилионски инвестиции во евра на предводничките локации на Зентива во Прага и во Букурешт.

„Јас сум многу горд што нашиот тим во Аклешвар ќе биде дел од уште посилна Зентива, интегрирана во долгорочната стратегија за раст на организацијата“, додаде Ешвани Суд, директор на капацитетот во Аклешвар. „Знаеме дека побарувачката за висококвалитетни и достапни лекови се зголемува и со нетрпение очекуваме да придонесеме за успехот на Зентива на ова патување.“

Производствената локација ќе биде поддржана од сосема нова подружница на Зентива Индија во Мумбај.

За Зентива

Зентива е производител на висококвалитетни достапни лекови кои им служат на пациентите во Европа и пошироко. Со посветен тим од повеќе од 4.700 лица и мрежа на производствени локации, вклучувајќи ги и предводничките локации во Прага, Букурешт и Анклешвар, Зентива се стреми да биде шампион на брендирани и генерички лекови во Европа за подобро да ги поддржува дневните здравствени потреби на луѓето.

Во Зентива, наша аспирација е здравството да биде право, а не привилегија. Повеќе од кога било, на луѓето им треба подобар пристап до висококвалитетни достапни лекови и здравствена заштита. Ние работиме во партнерство со лекари, фармацевти, трговци на големо, регулатори и влади за да ги обезбедиме секојдневните решенија од кои зависиме сите.

Дознајте повеќе за Зентива на www.zentiva.com.

За локацијата Анклешвар на Зентива

Основана во 1987 година, производствената локација Анклешвар има развоен центар за хемија и биотехнологија, а произведува и меѓупроизводи и фармацевтски формулации. Локацијата Анклешвар е голем производител на таблети со годишно производство од над шест милијарди таблети.

Контакт со медиуми:

Мунира Лемуи (Mounira Lemoui)
Раководител за комуникации
ZENTIVA GROUP, a.s.

U kabelovny 529/16, Dolní Měcholupy, 102 00 Prague 10

Мобилен: (+420) 727 873 159

Е-пошта: mounira.lemoui@zentiva.com

"Planting Good Deeds” in Romania

Alvogen Malta sorts it out!

Alvogen Korea donates to the Social Welfare Organization CCK