Zentiva го проширува своето присуство со комплетирање на аквизицијата на бизнисот на Alvogen CEE“
Zentiva Group a.s. го најавува завршувањето на претходно декларираната аквизиција на бизнисот на Алвоген во Централно - Источна Европа.
ПРАГА – 1-ви април, 2020 година: Zentiva Group a.s. го најавува завршувањето на претходно декларираната аквизиција на бизнисот на Алвоген во Централно - Источна Европа. Оваа зделка придонесува кон постојаниот органски раст на Zentiva, зајакнувајќи го присуството во Полска, Романија и Бугарија и го проширува своето присуство на дополнителни нови пазари, вклучувајќи Русија, Украина, Казахстан, Унгарија, Хрватска и Западен Балкан. Како резултат на тоа, Zentiva сега може да достави проширено портфолио на производи на милиони луѓе ширум Европа и пошироко.
„Со оваа аквизиција, ние спојуваме два од водечките генерички и ОТЦ бизниси во регионот на Централно - Источна Европа“, рече Ник Хагар, главен извршен директор на Зентива. „Нашите предности и портфолија на производи совршено се надополнуваат, во согласност со стратегијата за развој на Zentiva. Со нашето постојано проширување на нови пазари и нашиот тим што победува, ние можеме да испорачаме поквалитетни и подостапни лекови што им се потребни на луѓето секој ден, во Европа и пошироко.“
Покрај неодамна најавената аквизиција на производствената локација во Ankleshwar, која се очекува да биде финализирана во наредните недели, оваа аквизиција го проширува и производствениот капацитет на Zentiva со локацијата во „Labormed Alvogen“ во Букурешт, Романија.
Овој најнов развој се базира на неодамнешните комерцијални аквизиции на „Creo“ во Велика Британија и „Solacium“ во Романија и мултимилионски инвестиции во евра во постојните производствени капацитети на Zentiva во Прага и Букурешт.
„Alvogen CEE пласира над 200 генерички и ОТЦ производи во повеќе терапевтски области, што се состои од високо етаблирани брендови како Lactacyd®, Persen®, EuBiotic® и многу други со водечки позиции на пазарот во 14 клучни пазари низ Централно - Источна Европа“, рече Хачо Хачикијан, новоназначениот комерцијален директор за регионот на Централно - Источна Европа на Zentiva. „Да се приклучиме на Zentiva е одлична можност да станеме дел од енда од водечките компании во Европа, да го прошириме нашето присуство и да ја унапредиме оперативната совршеност, сите заедно посветени на задоволување на потребите за здравствена заштита на луѓето во Европа и пошироко.“
За Зентива
Зентива е производител на висококвалитетни достапни лекови кои им служат на пациентите во Европа и пошироко. Со посветен тим од повеќе од 4000 лица и мрежа на производствени локации - вклучувајќи ги и предводничките локации во Прага и Букурешт - Зентива се стреми да биде шампион на брендирани и генерички лекови и производи без рецепт во Европа за подобро да ги поддржува дневните здравствени потреби на луѓето.
Во Зентива, наша аспирација е дека здравството треба да биде право, а не привилегија. Повеќе од кога било, на луѓето им треба подобар пристап до висококвалитетни достапни лекови и здравствена заштита. Ние работиме во партнерство со лекари, фармацевти, трговци на големо, регулатори и влади за да ги обезбедиме секојдневните решенија од кои зависиме сите.
Дознајте повеќе за Зентива на www.zentiva.com
Контакт со медиуми:
Мунира Лемуи
Раководител за комуникации
ZENTIVA GROUP, a.s.
U kabelovny 529/16, Dolní Měcholupy, 102 00 Prague 10
Мобилен: (+420) 727 873 159
E-пошта: mounira.lemoui@zentiva.com